ДОКТОРИТЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Тројца починати, 25 новозаразени – докторите зачудени од наглото укинување на мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца починати пациенти заболени од корона вирус регистрира денеска земјава. 41 годишен Тетовец хоспитализиран на 19 ти мај, 47 годишен скопјанец и 51 годишен стужанец кои пшодолго време биле во критична состојба се тројцата жртви на ковид 19. Нови 25 пак заразени има денеска според Министерството за здравство. Најмногу се во скопје 14, штип 4, куманово и тетово по двајца и по еден Прилеп, Струга и Велес. Ваквата статистика доаѓа во време кога владата одлучи да ги релаксира мерките речиси на ниво на укинување. За епидемиолозите наглото укинување би можело за кусо време да доведе до нивно повторно враќање. Според микробиологот Никола Пановски младите кои сега целосно слободно ќе се движат би можеле асимптоматски лесно да го прошират вирусот и донесат во своите домови.

Според здравство се направени 622 тестови но 251 од нив отпаѓаат на скринингот и 17 за оздравените. Тоа би значело дека од 354 тестови направени по алгоритам денеска земјава бележи околу 8 проценти заболени. Околу 10 проценти се движеше и процентот на заболени наспроти тестирања и во претходните две недели. Но вчера епидемиологот од комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, имаше друга математика.

Сепак, пресметката на комисијата е збирна со скринингот во градинките. Но во таклвата математика е спорно тоа што за само 2 недели скринингот одзема дури десет посто од вкупниот број на тестирања кои се од стартот на короната. Токму ова го отвора прашањето колку е точен процентот на комисијата процент бидејќи од редот на 2 600 вработени во градинки имаше само двајца заразени. За Пановски спорен е моментот кога здравството започна да калкулира со политиката и верските заедници.

Инаку министерството за здравство информира дека денеска се оздравени 17 мина и тоа во Скопје-11, Куманово-4, Тетово и Велес по 1.

Извор: Телма

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This