ДОКТОРИТЕ ЛАЖHO ПРИКАЖУВААТ ПОВЕЌЕ УMPEHИ ОД KOBИД ЗА ДА ЗЕМАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ, ТВРДИ TPAMП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека докторите намерно ги зголемуваат бројките на починати од ковид-19 за да заработат повеќе пари, на предизборен митинг во Мичиген.

„Нашите доктори земаат повеќе пари ако некој умре од ковид. Го знаете тоа, нели? Знам дека нашите доктори се многу паметни луѓе. Па така, тие велат ‘Жал ми е, но сите умираат од ковид’“, кажа Трамп пред своите приврзаници.

„Но, во Германија и на други места, ако имате срцев удар или ако имате рак, ако фатите ковид, тие ќе речат дека сте умреле од рак или од срцев удар. Кај нас, ако се двоумат, избираат ковид. Вистина е, ужасно е, ама е вистина. Отприлика добиваат 2.000 долари повеќе. Ова може да се случи само кај нас“, додаде американскиот претседател.

Американската медицинска асоцијација (АМА), без да го именува претседателот, ги осуди тврдењата дека докторите пријавуваат поголеми бројки на пациенти со ковид-19.

„Сугестијата дека докторите, среде јавна здравствена криза, ги зголемуваат бројот на пациенти со ковид-19 или лажат за да ги наполнат џебовите е злобно, невидено и целосно неосновано обвинување“, кажа Сузан Бејли, претседателка на АМА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This