ДОКТОРИ РАБОТАТ БЕЗ ПЛАТА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ: Докорите од „Ало, докторе!“ не земале плата од декември!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите 25 лекари ангажирани во проектот “Ало Докторе” девет месеци не добиле плата. Иако проектот завршил во декември, на лекарите автоматски им биле прекинати договорите, но не и нивната работа. Докторите, иако бесплатно, продолжуваат да ја одржуваат во функција оваа услуга за цели 24 часа во текот на седум денови од неделата.

Иако договорите се завршени, од Министерството велат дека го продолжиле проектот, но немаат обезбедено буџет за плати.

– Во буџетот за 2018 година, не се предвидени средства за лицата ангажирани во проектот “Ало Докторе”. Поради оваа причина, Министерството за здравство презеде активности за обезбедување на пари за исплата на ангажирачки лица кои ќе се случат во текот на октомври. Ние планираме да го продолжиме овој проект во наредниот период – велат од Министерството за здравство.

Центарот на медицинското телефонско консултирање “Ало Докторе” започна со работа на 15 септември 2014 година. Во овој центар вработени се лекари од различни медицински области, кои се консултираат од страна на граѓаните преку телефонска линија, обично за итни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This