ДОКТОРКАТА ВОЈНОВСКА ЈА ПРИФАТИ ПОНУДАТА: Млада докторка од Македонија ја прифати понудата на хрватското гратче – плата, стан и годишен бонус од 6.800 евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Докторката Дивна Војновска, која е прва докторка по шест месеци во местото Суќурај, на Хвар, денеска имаше полни раце работа.

Како што јавуваат хрватските медиуми, докторката дошла на радост на жителите, кои половина година биле без медицинска помош. Ниту еден доктор од Хрватска не се јавил на јавниот оглас, на кој се нудело плата, стан и 6.800 евра бонус.

Првиот ден на работа на докторката и поминалч со полна амбуланта постари пациенти, кои сакале да им измери притисок, да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.

Околу четиристотини жители на местото Суќурај од денеска добија медицинска нега, а во анкетата велат дека се многу задоволни од новата докторка од Македонија.

Докторката Војновска за да го добие ова работно место положила државен испит, како и уште 8 испити за нострификација на дипломата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This