April 20, 2024, 12:57 pm

Доктор Зафировски: Чacoвитe дa ce нaмaлaт, oдмopитe дa тpaaт пoдoлгo, дeцaтa дa одмopат oд мacки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од мојата секојдневна пракса е да давам совети за одржување на севкупното здравје, особено во ек на нов бран на корона, а пред прагот на сезонскиот грип. Апелирам до училиштата да најдат начин да ги вадат децата што е можно поредовно на воздух, надвор од училницата, додека дозволуваат временските прилики. Во овие услови најважен е балансот меѓу образованието и здравјето, истакнува доктор Оливер Зафировски.

-Цел ден со маска во затворен простор не може да не му штети на здравјето на ниту еден човек, а камоли дете. Како пулмолог педијатар ве уверувам дека дишењето на чист воздух е клучно за здравјето. Мој предлог е да часовите траат скратено, пример место 45, да траат 30 минути, а на сметка на разликата децата да поминат во мали групи надвор без маски. Сигурен сум дека училиштата можат да најдат начин да го спроведат тоа, а децата да останат безбедни, истакна тој.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This