April 19, 2024, 10:09 am

Доктop Пaнoвcки твpди: Peмдecивирот е опaceн и тokcичен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство денеска соопшти дека преку Европската Унија, Македонија добива брз пристап до лекот Ремдесивир.

Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead” за набавка на 500.000 дози од „Veklury”, бренд името на лекот „Ремдесивир”, со можност за дополнително зголемување на количините. Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, стои во соопштението.

Меѓутоа лекот „Ремдесивир“ е исклучително опасен, токсичен е и има несакани дејства, вели за Слободен печат микробиологот доктор Никола Пановски.

Веста дека овој лек го лечи вирусот ковид-19 брзо се прошири, но нагласувам дека станува збор за лек кој се употребува исклучително за тешки случаи и истиот е токсичен и предизвикува докажани несакани дејства. Нема докази дека ја намалува смртноста, но сепак го скратува лекувањето. Ако го има во аптеки, секој што е позитивен на Ковид 19 без разлика дали има симптоми или не, ќе го купи и ќе го употреби. Можеби ќе се дава и на деца, што е многу опасно Да оставиме „Ремдесивирот“ да се употребува како и до сега во болнички услови, кога докторите ќе сметаат дека е неопходно, рече Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This