(Документи)НАФТА ДА ВАДЕА ЌЕ БЕШЕ ПОЕФТИНО: Фирма блиска до ДУИ чисти снег за 1.4 милион евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфомакс дознава дека годинава за чистење на снегот ЈП ,,Македонија пат’’ платиле неверојатни 1,4 милиони евра за изнајмување на приватни возила како и за суровини. Според нашите информации неверојатни 1,3 милион евра, односно најголемиот дел од парите завршиле кај фирма блиска до коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ. Од 170-те возила кој очигледно неуспешно ги чистат македонските патишта, дури 100 возила се изнајмени.

Се работи за ,,НБ Транс’’ од Тетово, фирма која има двајца основачи која добила тендер од 1,3 милиони евра. Што е уште по симптоматично е што фирмата има дејност малтерисување и само двајца вработени. Имајќи го во предвид ова не е ни чудо што патот Скопје, Тетово беше зимска идила, односно целосно покриен со снег.

Сопствениците се од Мала Речица токму местото каде што се наоѓа партиското седиште на ДУИ.

Претходно и фирма на градоначалникот на општина Кавадарци доби тендер во вредност од речиси 300.000 евра за чистење на патот Кавадарци – Кожув, кој ретко е во употреба од страна на жителите на општината, но редовно се користи од вработените и камионите на фабриката за вода „Кожувчанка“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This