(Документи)ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ СМЕЕ ДА ПИСНЕ: Градоначалникот на Свети Николе заглавил во крминал, Обвинителството молчи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот завод за ревизија утврдил незаконско и крминално работење кај градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски – покажува ревизорскиот извештај до кој стигна „Економски Лидер“.

Ревизорот констатирал дека Велковски, противзаконски, во ноември во 2017 година во четири очи склучил договори со три физички лица за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба со вкупна површина од 919 м2.

Практично, градоначалникот сам си склучил договор во непосредна спогодба со физичките лица, притоа не спроведувајќи ја постапка на јавно надавање како што е предвидено преку електронскиот информационен систем во Законот за градежно земјиште.

Поради незаконско и нетранспарентно работење на градоначалникот Сашо Велковски, Државниот завод за ревизија бара покренување на постапка за одземање на вршење на работите на Општина Свети Николе за располагање со градежно земјиште сопственост на РМ, со тоа Локалната самоуправа ќе се казни со одземање на ингеренциите за располагање со градежното земјиште.

Исплашен од можните послеици, градоначалникот Велковски до Државниот завод за ревизија испратил допис во кој вели дека ја прогласува продажбата на земјиште за ништовма.

„Економски Лидер“ стигна и до дописот на Велковски во кој тој го признава кривичното дело кое го направил, но, очигледно е дека нема никаква реакција од обвинителството, кое по секоја логика треба да го гони градоначалникот на Свети Николе за стореното кривично дело.

Вчера од јавното обвинителство соопштија дека 2 години незаконски биле прислушкувани 70 обвинители. Јавноста шпекулира дека токму со овие прислувани разговори, власта ги уценува обвинителите да не покренуваат постапки против функционери на владејачкат СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This