April 20, 2024, 12:36 am

(Документи) Наместо да бидат запленети, Царина вратила назад цистерни со мазут на омилениот бизнисмен на власта Владимир Стајиќ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) неодамна објави документарец дека во одреден период во земјава биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут, министерот за економија Крешник Бектеши пред една недела изјави дека контролите се завршени и наредните денови ќе ги соопштат наодите. Бектеши рече дека при проверки на стандардите за увоз на мазут во последниве две недели се пронајдени неправилности кај три компании и веќе неколку цистерни со мазут се вратени од страна на Царинската управа.

Бектеши соопшти дека веќе се вратени неколку цистерни со мазут, констатирани се нерегуларности и во внатрешноста на државата, но не сакаше да ги открие имињата на фирмите.

-Само треба да имаме предвид и да ги поделиме работите дека мазутот се контролира во други акредитирани лаборатории. Тие контроли се завршени во ДПИ, посебно со доаѓањето на новата директорка, веќе се вратени неколку цистерни. Јас не би сакал да навлегувам во имиња на компании од кои се врати цистерни. И во внатрешноста на државата се констатирани нерегуларности и е постапено од ДПИ, изјави Бектеши кој рече дека не сака сега да зборува за имиња на фирми за да не им го наруши угледот.

Вратени цистерни на Супер Трејд на Владимир Стајиќ, наместо да бидат запленети?!

Според информации до кои дојде КУРИР, едни од цистерните со мазут кои царина ги враќа се тие на бизнисменот Владимир Стајиќ викан Роштиљ, близок до структурите на власта кој беше споменуван и во неколку афери. Неговата сестра Јелена Таст инаку е државен секретар во министерството за финансии. Според извори на КУРИР од царина, за таквиот престап цистерните треба да бидат запленети, а не да бидат врaтени назад.

КУРИР дојде до неколку документи, известувања за враќање на на неоцаринета стока во странство, со кои царинската единица Куманово изготвила решение за враќање на стока во странство со трговски назив мазут за увозникот Супер Трејд ДОО од Скопје, фирма која е во сопственост на Влаимир Стајиќ.

-Враќањето на стоката ќе се изврши преку одредишна царинска испостава ЦИ Деве Баир. Се задолжува увозникот Супер Трејд ДОО од Скопје да ја врати стоката во странство во рок од 24 часа, се вели во едно од известувањата од 27-ми мај годинава.

Нашиот извор тврди дека за таков престап цистерните треба да бидат запленети, но Царина која е под надлежност на Министерството за финансии каде државен секретар е сестрата на Стајиќ, ги враќа назад.

Изворот додава дека цистерната стоела на терминал 9 дена, наравена е анализа во Царинската лабораторија и најдено е поголемо количество на вода и пепел, тоа е она што највеќе загадува. Бидејќи не се согасувал увозникот, направена е уште една анализа во лабораторија на Макпетрол и резултатите биле исти, по што цистерната е вратена назад.

Стајиќ е еден од омилените бизнисмени на власта

Бизнисменот Владимир Стајиќ е сопственик на компанија која се занимава со нафтени деривати „Супер трејд“, а под оваа компанија е регистриран и брендот „Гулфоил“.

Според медиумските натписи, компанијата на Стајиќ веќе во првата година од владењето на владата на Зоран Заев, добила 5,6 милиони евра од зделки со државата, добивајќи дури 38 тендери.

Супер трејд во 2019 година доби милионски договор со Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Истата година се појави и скaндaлозна снимка на социјалната мрежа „Твитер“ за која се тврди дека може да се види сопственикот на бензинските пумпи „Гулф Оил“ Владимир Стајиќ како фpлa поголема cyма на долари во oгaн со кои, како што вели – „се зaгpeва“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This