(Документи) Одвај спасил глава: Скопјанец четири години го лечеле со погpeшна дијагноза на државната кардиохирургија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проблемите со јавното здравство не се обични, не е тоа јавен сервис за водовод, крпење улици или собирање ѓубре што утре може да се поправи без фатални последици. Грешките во здравството мноу често се плаќаат со тешки трауми, инвалидитет или загубени животи, а не паметиме кога некој одговарал за тоа.

Наша читателка ни испрати докумнети и свој опис на случувањата, новата црна приказна за јавното здравство во Македонија:

Се викам Весна, мојот татко во претходните 4 години се лечеше од проширена аорта на срцето, медицински термин аневризма на државната кардиохирургија од проф. др. Сашко Јовев.

Пред три недели доби влошување на состојбата со отежнато дишење, кашлица, отоци по нозете, тешка анемија трчајќи по вратите на државната болница четири дена беше третиран во дневната болница на кардиологја за по многу напори и барање од наша страна да се направат испитувања.

Едвај, на 25.01.2021 год. го примат на кардиологија, во текот на приемот има примено две кеси крв и инфузии за во петокот на 29.01.2021 год. да биде пуштен дома со терапија и препорака за еден месец да се јави на контрола

По влошување на состојбата во наредните два дена бевме приморани после сите трауми од државната клиника да одиме во понеделникот во Систина.

Јас, како иницијатор, бев присутна на прегледот од страна на др. Божиновски во Систина. По изврешно ехо од страна на докторот беше констатирано дека татко ми воопшто нема аневризма како што стои четири во неговата дијагноза и колку што години е лечен дека боледува од аортна стеноза, и дека ситуацијата е премногу ризична и мора итно на операција.

На 02.02.2021 год извршена е операција на две валвули од кој едната е вештачка,а другата е репарирана со доста преговори од наша страна и од страна на докторите дали воопшто ќе стане од операција поради тоа што беше многу алармантна и критична ситуацијата.

Но, фала му на Господ, се заврши во најдобар ред.

До кога вака ќе молиме по вратите на државните институции? Колку луѓе вака се починати? Ние сме едни во милион доколку не го однесевме во Систина што мислите дали татко ми би ја дочекал контролата за еден месец, или би се простиле брзо од него.

До кога лекарските грешки ке не чинат животи? Имам целосна документација на сите медицински документи и сакаме да тужиме но, не сме во можност финансиски. Доколу има адвокат кој би сакал да ни помогне ние би покренале тужба за погрешноо лечење во период од четири години.

Ви благодарам многу, се надевам дека ке ја известите јавноста за ова и доколку е потребно нешто дополнително можам да ви пратам, случајот е пријавен е во министерство за здравство и во лекарска комисија.

Тоа е тоа. Адвокат кој би соработувал со семјството може да побара контакт на нашиот мејл home@vecer.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This