Документ за Ковид-19 задолжителен за новата учебна и академска година во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со физичко присуство на учениците и студентите, но и со задолжителен документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест, на 13 септември ќе почне учебната година во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за образование на Грција, денеска ги соопштија детали за начинот на кој учениците ќе се вратат во училишните клупи и студентите во амфитеатрите.

Одлуките се согласно соодветните препораки од надлежната комисија на епидемиолози.

За просветните работници, односно за наставниците и професорите, како од училиштата, така и од универзитетите задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните шест месеци или негативен лабораториски тест два пати седмично, што ќе биде на нивни товар, а истите правила важат и за студентите.

Слични се условите и за учениците, односно и за нив ќе биде потребен документ поврзан за Кови-19.

Сертификат за вакцинација, доколку се постари од 12 години, потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично.

Ги охрабруваме членовите на образовната заедница кои сè уште не се вакцинирале да побрзаат, пред почетокот на новата учебна и академска година, да го искористат овој штит на заштита од коронавирусот. Целта на сите нас е заштита на индивидуалното и јавното здравје и непречено функционирање на нашите образовни структури, соопштуваат од Министерството за образование на Грција.

Протоколите по кои ќе работат училиштата и факултетите ќе бидат детално соопштени непосредно пред почетокот на учебната и академската година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This