ДОКУМЕНТ ПОКАЖУВА ДЕКА ЗАЕВ ПОВТОРНО ЛАЖЕ: Документот со кој земјиштето е префрлено на Вице, всушност е потпишан од Зоран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Струмица денес, ставајќи се во улога на портпарол на екс-градоначалникот Зоран Заев, ги демантираше информациите кои ги презентираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека освен поткупот кој го вршел Заев, тој делел и градежно земјиште по багателни цени и тоа на неговиот брат

Секако, технологијата на злоупотреба на службената должност при делењето на градежни парцели не била така наивна, туку, Зоран Заев земјиштето го продавал на „човек во средина“, кој потоа му го префрлал на неговиот брат Вице Заев, кој пак добивал дозволи за градба.

Во официјалната реакција на општина Струмица стои дека потписот на Зоран Заев не стои на ниту еден документ посочен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, што би значело дека тој нема никаква одговорност.

Ваквото тврдење на општина Струмица во најмала рака е лажење и груба манипулација со граѓаните.

Инфомакс.мк, успеа да дојде до спорниот документ, на кој јасно се гледа дека токму Зоран Заев е потписник на документот со кој се врши промена на сопствеништвото врз градежната парцела, од извесен Сашо Брндевски кој служи како „човек во средина“, на братот на Зоран, Вице Заев.

Имено на 29.12.2014 година одржано е јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште во општина Струмица, во тоа време градоначалник на општина Струмица е сега премиерот Зоран Заев. На аукцијата се јавува само еден понудувач, а тоа е лицето Сашко Брндевски, од Струмица, бизнис партнер во една од компаниите на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев. – објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.


На лицитацијата постигната е цена од 2300 денари за м2, а Парцелата со намена за изградба на објект за колективно домување е со вкупна површина од 18462 м2.

Пред издавање на одобрение за градење, општина Струмица во тоа време ќе повторам водена од Зоран Заев одобрува на продадената локација да се градат осум нови седумкатници, со вкупна бруто изградена површина од 52850 м2.

Во февруари 2016 година, Зоран Заев на Сашко Брндевски му издава одобрение за градење за изградба на станбена зграда бр. 8.

Во истиот месец во 2016 година, лицето Сашко Брндевски склучува договор за пренесување на право на градење на предметната парцела со правните лица ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ – сопственост на Вице Заев и АД Пелагонија Струмица во чиј управен одбор во тоа време пак е братучедот на Заев, Трајче Заев. Ќе потсетам дека Тотал ИНЖЕНЕРИНГ е истата фирма која беше во средиштето на аферата со камиони и превоз на јаглен.

Како надоместок за тоа што им отстапил право на градење, лицето Сашко Брндевски добило стан од само 40 м2. Значи еден стан за локација на која се гради зграда со нето површина 6 888 м2, профит над 1 милион евра за братот и братучедот на Зоран Заев. Потписници на овој документ се Вице Заев, Сашко Брндевски и управителот на АД Пелагонија Јанев, каде член на управен одбор во тоа време е братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев. Ова отвора сомнеж дека бизнис партнерот на Заеви е само параванот, а потоа јасно се гледа дека зградите се градат токму од компанијата на братот на премиерот Зоран, Заев, Вице Заев.


Во месец март 2016 година, Зоран Заев носи решение за промена на инвеститор, каде што наместо Сашко Брндевски, нови инвеститори на станбената зграда се двете наведени фирми. Така да ова е документ каде јасно се гледа дека Зоран Заев, сега премиер, тогаш градоначалник на општина Струмица, се потпишува на решението каде стои фирмата на неговиот брат Вице Заев и фирмата каде неговиот прв братучед е член на Управен одбор.

Ова е случај каде Зоран Заев продал земјиште на кое денес таму гради братот Вице Заев. Таму се градат згради а личните заработки се огромни и се бројат во милиони евра.

Остануваат прашањата како тоа токму братот и братучедот на премиерот ја добил дозволата да гради на тоа место, дали ги искористил повластувањата на функцијата на Зоран Заев тогаш градоначалник на Струмица, дали тоа не е конфликт на интереси и целосен морална дисторзија. Воедно апелирам јавното обвинителство да испита

Дали се работи за постапка каде однапред се знае добитникот на парцелата?
Под кои услови е отстапено правото на градење?
Да го испита потеклото на парите на Брндевски околу 700 илјади евра кои се уплатени на сметката на општината.
Очигледно криминалниот канцер во државата метастазира, а главни актери се луѓето од врвот на власта.

Ова мора да се промени.

Доаѓа ново утро. Граѓаните заслужуваат подобро!

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This