(Документ) Според предлогот на Португалија: Бугарија да изјави дека не постоел македонски јазик пред 1944, а Македонија да изјави дека јазикот бил кодификуван 1945

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог до кој дојде „Канал 5“.

Според документот, поделен во четири анекси, се предвидува вакви посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција, а со нив како што стои во документот – не се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес.

Ден по изјавата на португалската министерка Закаријаш која ја оцени како несреќна, и вицепремиерот Никола Димитров потврди дека пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија.

Предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија предвидува да остане македонскиот јазик таков каков што е, ‘македонски јазик’ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција. Пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија за нивниот став за јазикот – изјави Димитров.

Покрај Димитров и министерот Бојан Маричиќ вели дека со португалскиот предлог не се доведува во прашање македонскиот јазик. Маричиќ повтори дека македонскиот јазик и идентитет на се ставени на преговарачка маса и за нив не може да се преговара.

Она што го видовме во документот и она што го има во предлогот на преговарачката рамка во ниту еден момент не го одразува ова што го кажавте. Значи, во преговарачката рамка е наведен македонскиот јазик без никакви додавки – вели Маричиќ.

Според португалскиот предлог, откако Македонија и Бугарија ќе ги достават декларациите, Европскиот совет ќе излезе со своја декларација во која во третата точка се наведува дека Советот ја забележува позицијата на Бугарија дека терминот „Македонски јазик“ треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This