ДОЛГИТЕ ПИПЦИ НА ПЕНТАГОН: Ова се најважните воени бази на САД низ светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се закани дека ќе ги нападне американските воени објекти на островот Гвам со балистички ракети доколку Пентагон продолжи да го зголемува своето воено присуство во Јужна Кореја. Целта на потенцијалниот напад е повеќе од значаен – на него се наоѓа една од најмоќните и најутврдени воени бази на Пентагон надвор од американската територија

Базите на Гвам

Американците на Гвам имаа два големи воени објекти: авио-базата „Андерсен“ и морнаричката база „Апра харбор“, који за Пентагон имаат стратешко значење и претставуваат главни адути во пацифичкиот регион.

Во „Андерсен“ на крајот на седумдесетите години се поставени бомбардери и носачи на ракети кои можат да носат нуклеарно вооружување. Инфраструктурата на авио-базата овозможува прием на авиони од било која класа, вклучително и современите стратешки бомбардери Б-52 „Лансер“ и Б-2 „Спирит“, како и ловци, авиони за далечинско радарско лоцирање и други.

Од авио-базата „Андресен“ американската војска има можност да изведува ракетно-бомбашки напади на цели по целиот пацифички брег на Евроазија. Главниот потенцијален цел на стратезите од Гвам денес е Северна Кореја, но тие можат да бидат опасни и за друга голема геопоитичка сила во регионот, пред се за Русија и Кина.

Воено-морнаричката база „Апра харбор“ на западниот брег на островот по размерите единствено е позади „Перл харбор“ на Хаваите и еден од најголемите објекти на американската воена морнарица во Пацификот.

Тука се наоѓа и пловниот док за ремонт на големи бродови, меѓу кои се и десантните бродови тип „Тарава“. Во иднина е планирано на Гвам да се преместат до 20.000 маринци од јапонската база Окинава. Нема прецизни податоци за бројот на бродови кои се наоѓаат во оваа база, но според информациите од медиумите познато е дека минатата година тука пристигна подводната стратешка крстарица со балистички ракети „Пенсилванија“.

Авио-базата „Рамштајн“

Авио-базата „Рамштајн“ во Германија претставува седиште на американската војска во Европа, најголем американски воен објект на територија на Европската унија, како и команден центар за заедничката противвоздушна одбрана на НАТО. Тука се наоѓаат 40.000 луѓе – 35.000 војници и околу 5.000 експерти во цивил. „Рамштај“ е основна точка за превоз на терет и војници од САД по Европа. Во оваа база се чува и нуклеарно оружје (околу 150 авионски бомби).

Во случај на хипотетички воен судир на НАТО и РУсија, „Рамштајн“ би се користел како главна точка за прием на техника и војска од океанот, евакуационен пункт (недалеку се наоѓа најголемата американска воена-болница надвор од границите на САД) и, возможно е користење на аеродромот за стратешките бомбардери.

Авио-база „Удјед“

Од 2001. година „Удјед“, кој се наоѓа на неколку километри јужно од Доха во Катар, претставува главна американска авио-база на Блискиот исток. Тука е сместен пунктот на Централната команда на Вооружените сили на САД и седиштето на нејзината борбена авијација. Од почетокот на двеилјадитите во близина на базата се разместени околу илјада американски војници, околу триста тенкови „абрамс“, четиристотини оклопни возила „бредли“, самоодна артилерија, ПВО комплекси „Патриот“.

Базата имаше клучна улога во воените операции во Ирак и Авганистан. Во овој момент, во Катар има околу 10.000 американски војници. Авио-базата „Удјед“ има најголемо значење меѓу 35 американски воени објекти во тој регион. Токму оттаму денес се координираат дејствата на анти-терористичката коалиција под водствот на САД во Сирија и Ирак.

Бази во Јапонија

На територија на Јапонија се наоѓаат повеќе од 90 воени објекти на Вооружените сили на САД, обединети под засебна команда „Силата на САД“ во Јапонија. Нивното седиште се наоѓа во авио-базата „Јокота“ источно од Токијо. Тука служат 14.000 војници и експерти во цивил. Базата има улога на важен пункт за префрлување на американските контингенти кои доаѓаат да служат во Јапонија по принцип на ротација.

Посебо е важна авио-базата „Мисава“, северно од Токијо. Тука е еден од ретките странски аеродроми на кои Американците ги префрлуваат своите најсовремени авиони – ловци од петта генерација Ф-22 „раптор“. Бројот и составот на воените бази на армијата, авијацијата и флотата на САД во Јапонија зборуваат за тоа дека Пентагон оваа земја ја гледа како можна платформа за воен судир со Кина, Русија и Северна Кореја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This