ДОЛГОТ ВРТОГЛАВО РАСТЕ: За само девет месеци владата ги задолжи граѓаните за 357,5 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расте задолженоста. Последните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека јавниот долг на крајот на септември изнесува 5 милијарди и 144 милиони евра и достигна 48,2 проценти од БДП.

На крајот на 2017 година јавниот долг изнесуваше 4 милијарди и 786 милиони евра (47,8 отсто од БДП), а годинава бележи постојан квартален раст – на крајот на март беше 47,6 проценти од БДП, на крајот на јуни – 48,1, а на крајот на третиот квартал – 48,2 проценти од БДП.

За девет месеци од годинава задолженоста е зголемена за 357,5 милиони евра.

Академик Таки Фити неодамна укажа дека порастот на јавниот долг со оваа динамика за Македонија е неодржлив. Долгот расте многу побрзо отколку што е динамиката на раст на БДП. Според него, голем дел од долгот што сега го имаме е акумулиран од задолжувања за непродуктивни инвестиции и затоа сега тој не може да се враќа. Фити апелираше Владата да забави со задолжувања на домашен пазар.

На почетокот на годинава Македонија зема еврообврзница од половина милијарда евра

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This