April 27, 2024, 12:46 am

ДОМА ДА ДОЈДАТ ЅИД ДА ВИ СТАВА, САМО ЌЕ КУКАТЕ И ЌЕ ПЛАЧЕТЕ: Протестот во Аеродром собра 22.души, разочарани од своите сограѓани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народната вели – „Стравот лозјето го чува“ и не згрешиле старите. По првичниот протест на кој се собраа неколку стотици граѓани, и интензивната реакција на полицијата, која на моменти се обиде и да се пресмета со граѓаните кои протестираа против изградба на зграда на локацијата во близина на „Мајчин дом“ во општина Аеродром, попладнево – молк. Едвај 20-тина души

 

Не повеќе од 22 лица попладнево „протестираа“ на локацијата каде е планирана изградба на стамбена зграда, со што се уништува зеленилото кое беше претходно хортикултурно уредено. 

Граѓаните револтирани, но овој пат не на властите, туку на своите сограѓани.

,,Да бе имаше, како немаше, не гледаш? Од шест до сега бевме најмногу 22, живеам во зградава карши од 1985, што значи 33 години и два месеци, на пољанкава имам изиграно 1000 утакмици, го знам секое камче каде е, уствари каде беше качето. И сега што? Сега чорба, срамота, дома да дојде во дневна соба ѕид да некој да му става на овој народ, само ќе плаче и ќе се жали дека не можел ништо, срамота, се срамам што живеам тука!“ – рече гневно една од преостанатите учеснички на протестот.

Протестот беше најавуван преку социјалните мрежи, но неуспешно.

 

Репортер
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This