Доналд Трамп: Moжнo e хaкepcкитe нaпaди дa дoaѓaaт oд Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп оцени дека медиумите претеруваат околу обемот на хакерскиот напад врз компјутерските системи на американската влада и сугерираше дека можеби Кина стои зад тие напади.

„Кибер нападот е далеку поголем во медиумите што пренесуваат лажни вести отколку во реалноста. Јас сум целосно информиран и сè е под контрола. Русија, Русија, Русија – ова се вели како приоритет кога нешто ќе се случи затоа што бедните медиуми, претежно од финансиски причини, се исплашени да ја разгледаат можноста дека тоа би можела да биде Кина“, напиша Трамп на Твитер.

Претходно денеска, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека е јасно дека Русија стои зад хакерските напади врз САД оваа недела, што еден американски официјален претставник ги опиша како „најлошите во историјата на таа земја“.

-Не можам да кажам многу повеќе бидејќи сè уште утврдуваме прецизно што е тоа, и сигурен сум дека дел од тие информации ќе останат класифицирани, рече Помпео. – Ова беше многу значаен напор и мислам дека сега можеме да кажеме прилично јасно дека токму Русите се занимаваа со оваа активност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This