ДОНАТОРОТ НА СДСМ СЕКОГАШ Е НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ: И Царината купила шкоди од кумановскиот дилер „Делукс ауто“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Царинската управа набави 13 службени возила „шкода октавија“, производство 2019 година за потребите на царинските службеници од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, односно за мобилните тимови на Царинската управа кои работните задачи ги вршат на сите гранични премини, царински испостави, како и на целата територија на државата.

Како најповолен понудувач на тендерот е избрана фирмата „Делукс-ауто“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.

Дванаесет од тринаесетте патнички моторни возила се марка „шкода“, модел „октавија амбишн“ со единечна цена од 19,9 илјади евра или вкупно 294.024 евра, а едно ново патничко моторно возило е марка „шкода“, модел „суперб амбишн“, со цена од 26,4 илјади евра. За секое патничко возило понудена е значителна дополнителна опрема, а во единечната цена на возилата се вклучени сите трошоци.

Фирмата од која купила Царината е донатор на СДСМ

„Делукс Ауто Куманово“ ја има во два годишни финансиски извештаи на СДСМ, односно кумановската компанија давала услуги на СДСМ во 2015 и 2016 година.
Компанијата од Куманово не е овластен дистрибутер на „шкода“ туку дилер на возилата, сепак нивната понуда била најповолна ..

Фирмата која е добитник на овој голем тендер е “Делукс-ауто“ од Куманово е блиска до СДСМ, и преку низа добиени тендери од општините кои се под власт на СДСМ. Ова не е прв пат да се појавува оваа фирма и нејзиниот сопственик Бобан Спасовски. Најголемите тендери што ги имаат добиено се од општина Куманово со која раководи СДСМ.

„Делукс – ауто“ од Куманово го снабди со нови 11 возила и Министерството за одбрана. Фирмата победи на тендерот вреден 153 илјади евра.

Во август 2018 оваа фирма доби тендер од Бирото за јавни набавки, за набавка на возила во вредност од 1.695.000 денари.

Покрај автомобили, Царинската управа вршела јавни набавки и за храна за кучиња, средства за заштита од ектопаразити и еднопаразити, нега на кучиња и ветеринарен преглед на кучињата.

Изработка на геодетски елаборати, одржување машинска хала и клима-уреди, ладни сендвичи, минерална вода, набавки на писмоносни услуги, лабораториски испитувања во надворешни лаборатории, осигурување недвижности, моторни возила и опрема, одржување систем за видеонадзор и препознавање регистарски таблички, масло за греење, одржување ИТ-опрема.

Царинската управа од почетокот на оваа година па досега, покрај автомобилите од 325 илјади евра, за јавни набавки дополнително има потрошено уште 834 илјади и 284 евра или севкупно за 4 месеци Царината потрошила 1 милион, 159 илјади и 484 евра пари на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This