March 29, 2024, 12:51 pm

Донацијата никако да стигне: Бугарија допрва ќе pacправа за вакцините кои ѝ ги вети на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската Влада на денешниот седница одлучи да му предложи на Народното собрание да го ратификува трипартитниот Договор за донација меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и „Pfizer Inc.“ и „BioNTech Manufacturing GmbH“ за управување и координација на донацијата за вакцини против Ковид-19.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, треба да се потпише билатерален договор за донација помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Договорот предвидува Бугарија да донира 51.480 дози од вакцината „Комирнати“.
Бугарската Влада, исто така, одлучи да предложи договор за препродажба на вакцини против Ковид -19 на Кралството Норвешка, за вакцини на „ Moderna Switzerland GMBH“. Договорот предвидува препродажба на 100.000 дози „Spikevax“. Сите трошоци за испорака да ги сноси Норвешка.
Владата во Софија, исто така, одлучи да го одобри нацрт трипартитниот договор за донација на вакцини против Ковид -19 меѓу Бугарија, Бангладеш и „Астра Зенека“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This