ДОНАЦИЈА ЗА МВР: Чешка донира милион евра за техничка опрема во МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи доби донација од Чешка во висина од 25 милиони чешки круни, или еден милион евра, а наменети за зголемување на капацитетите на македонската полиција, односно за набавка на техничка опрема за справување со последиците од мигрантската криза.

Со оваа донација, Чешка досега за потребите на македонската полиција донира материјално – технички и финансиски средства во висина од околу 3.000.000 евра. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја посочи важната улога на чешките полициски службеници во остварувањето на поуспешен надзор и контрола на државната граница на Република Македонија кон нашиот јужен сосед.

Како резултат на таа соработка во овој проект започнат во 2016 година, министерството за внатрешни работи на Чешка до почетокот на август оваа година ќе упати вкупно 734 чешки полициски службеници на територија на Македонија распределени во 19 контингенти, коишто заедно со македонските полициски службеници вршат надзор и контрола на јужната граница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This