April 20, 2024, 10:49 am

ДОНАЦИЈА ОД САД ЗА МВР: Македонската полиција доби половина милион долари донација од САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска македонското Министерство за внатрешни работи во рамки на Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност, доби донација од САД, техничка опрема во вредност од 510 илјади американски долари.

 

Македонската полиција доби две комби возила со мобилни единици за детекција на радијација, патролен чамец, теренско возило за полициската единица за службени кучиња и еден уред за обработка податоци.

Донацијата беше доделена денеска на свечена церемонија во Министерството за внатрешни работи, на која присустуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Средствата, како што посочи Спасовски, веднаш ќе бидат ставени во функција во соодветните организациони единици на МВР, а ќе можат да ги користат и други надлежни институции во државата, како што е царинската управа.

–Од почетокот на воспоставување на граничната полиција во МВР во 2004 година, односно од почетокот на концептот на интегрираното гранично управување САД преку оваа Програма се најсилниот патрнер и поддржувач на реалното организациско, професионално и техничко етаблирање на граничната полиција, рече Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This