April 26, 2024, 12:44 pm

ДОНЕСЕНА Е ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА: Суспендирано воведувањето на 5Г-технологијата во Хвар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Хвар го суспендира воведувањето на 5Г-технологијата сè додека не се докаже дека нема негативно влијание врз луѓето и околината.

Градскиот совет на Хвар едногласно донесе одлука за телекомуникациските базни станици и воведувањето на 5Г-технологијата суспендирајќи го воведувањето на 5Г-технологијата на подрачјето на Хвар сè додека независна и непристрасна студија докаже дека технологијата нема негативно влијание врз луѓето и околината.

Врз основа на одлуката Градскиот совет ќе формира работна група, која во наредните шест месеци ќе се обиде да ја испита врската меѓу сите извори на зрачење и карц*номот. Одлуката ќе биде доставена до владата и Хрватската регулаторна агенција, која е должна да ја проследи до сите релевантни фактори кои дејствуваат во областа на градот Хвар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This