ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Австриецот Шиедер ќе раководи со делегацијата на ЕП за соработка со Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Конститутивниот состанок на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија, што се одржа денеска беа избрани претседателот и потпретседателите на делегацијата. За претседател на делегацијата е избран Андреас Шиедер, европратеник од Австрија од групата на Социјалистите и демократите.


Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, за прв заменик-претседател е избрана Ирена Јовева од Словенија од редовите на Обновена Европа и за втор потпретседател – Марион Валсман, европратеничка од Германија од редовите на Народните партии.

Меѓупарламентарната делегација која ги одржува парламентарните односи со Македонија, брои 13 членови и 13 заменици.

Од групата на Европските народни партии членови се: Александер Александров Јорданов (Бугарија), Владимир Билчик (Словачка) и Марион Валсман (Германија) заменици од оваа политичка група се Јан Олбришт (Полска) и Марија Спираки (Грција).

Од редовите на Социјалистите и демократите членови на делегацијата се Кати Пири (Холандија) и Андреас Шнејдер (Австрија), заменици Билјана Борзан (Хрвастка), Пина Пичерино (Италија) и Михаил Тудосе (Романија), едно членско место се уште не е пополнето.

Од групата на поранешните либерали, сега Обновена Европа членови на делегацијата се Атие Алиева-Вели (Бугарија) и Ирена Јовева (Словенија), заменици Каталин Чех (Унгарија) и Клаудиа Гамон (Австрија).

Членови на делеагцијата од редовите на Зелените/Европска слободна алијанса се Тинек Стрик (Холандија) и заменик Патрик Бејер (Германија).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This