ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Еве кој ќе биде новиот македонски вoeн претставник во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот воен преставник на Македонија во НАТО се уште не стигна до Брисел, но е во делегацијата која отпатува на самитот во Лондон. Полковник Зоран Секуловски, според неофицијалните информации на Телма, е изборот за воен претставник во НАТО. Отакако името на Секуловски беше усогласено меѓу министерката за одбрана Шекеринска и претседателот Пендаровски минатата недела, од Кабинетот на шефот на државата до Министерството официјално е побарано да се започне процедурата за негово упатување во Брисел. НАТО, како што дознаваме, веќе е информирано за изборот и се чека одговор дали е тој прифатлив и за нив, за потоа со указ од шефот на државата да биде официјализиран. Според информациите на Телма, се очекува целата процедура да заврши за најмногу две недели.

Според информациите на Телма името на Секуловски е избрано од 12 кандидати кои се огласиле на интерниот конкурс на Министерството за одбрана за воен претставник. Секуловски инаку е дел од тимот кој работел на Статегискиот одбранбен преглед на земјата како клучен документ за водење на реформите во одбраната и за членство во НАТО. Во биографијатана му се запишани странски мисии, но и воени обуки во САД.

Инаку земјава повеќе од една година немаше воен претставник во Алијансата, во периодот додека се правеа последните подготовски на земјата за полноправно членство. Обид да се пополни ова место имаше во февруари кога со указ на поранешнито претседател Иванов во НАТО беше упатен бригадиот-генерал Мирче Ѓоргоски. Овој указ, заедно со уште пет други со кои беше извршена смена на командни места во АРМ, но и унапредување по чин на началникот на Генералштабот, Антикорупциска ги прогласи за незаконски, а Пендаровски во јули со нови укази ги потврди дел од решенијата на Иванов, но не и тоа за НАТО.

Македонија подолг период нема ниту амбасадор во НАТО. Неофицијално за оваа позиција е избран Дане Талески, но неговото именување веќе неколку месеци е заглавена во партиското договарање на имињата. Шефот на дипломатијата, но и претседателот минатата недела изјавија оти очекуваат процедура во владата да заврши што е можно поскоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This