March 29, 2024, 11:21 am

Дончев со купче пари поткуп, а Владата на Заев со одлука за негова апанажа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Купче пари во рацете на Ден Дончев. Прв пат македонски политичар фатен со мито. Вчера на Интернет се појави нова аудио и видео бомба од која се гледа како Директорот на ФЗО, Ден Дончев, зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“, објави НЕТПРЕС.

Ден Дончев зема пари и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев.

-Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција. Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта. За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата, пишува НЕТПРЕС.

Но, луѓето кои го поставија Дончев на чело на ФЗОМ, наместо да се оградат и да побараат одговорност, тие одлучуваат да го почестат со уште многу пари.

Ден Дончев си поднесе оставка пред неполн месец, а според тврдењето на Заев тоа било сторено поради наводни здравствени причини. Откакон излезе доказ, јавноста се погласно зборува дека ова сигурно не е причината за неговото заминување.

Зоран Заев и Радмила Шекеринска сметаат дека Дончев треба да биде награден, па донесуваат одлука за апанажа. Тоа значи дека Дончев уште цела една година ќе добива висока плата од џебот на македонските граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This