April 23, 2024, 11:09 pm

ДОСЕГА НЕВИДЕНА ПАРТИЗАЦИЈА НА ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ: Десетици предреферендумски вработувања на партиски војници во претпријатието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетици партиски војници добија работа под државна капа токму пред референдумот за промена на името, како мотивација тие и нивните семејства да излезат и да го дадат својот глас за промена на името.

 

Покрај ваквите еклатантни обиди за поткуп на гласачи, забележливи се и зголемувањата на социјалната помош и други олеснувања од давачки токму во очи на референдумот на 30-ти. Сепак ништо не го открива подмолниот план за поткуп на гласачи како партиските вработувања. Токму вакви докази за партизација на администрацијата пристигнаа до нашата редакција.

Имено се работи за Јавното Претпријатие Македонски шуми во кое само месец дена пред референдумот се донесени одлуки за вработување на нови вработени на неопределено време на десетици партиски послушници. ЈП Македонски шуми има вработено над 30 нови вработени, ќерки, синови, братучеди, блиски роднини на високи партиски функционери на СДСМ.

Додека СДСМ беше во опозиција речиси и да немаше ден да не споменат дека администрацијата е партизирана и дека се злоупотребува за партиски цели како и дека има превработеснот. Се држеа прес конференции се вадеа наводни “докази“ се збореше дури и во предизборниот период дека ситуацијата ќе се среди. Сега пред референдумот речиси и да не мине ден, а да не се распише оглас за врабоување на нивните партиски кадри на секоја позиција и во било која институција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This