ДОСЕГА: Пласница со најниска, Македонски Брод со највисока излезеност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во трите општини од Кичевско–Бродскиот регион каде што гравитираат три општини и каде што тече гласањето за претседателските избори, излезеноста е различна.

Во Општина Кичево излезеноста е во рамките на просекот од претходните изборни циклуси, додека во Општина Пласница излезеноста е најмала и изнесува само 1.58 проценти.

-Во нашата општина до 10 часот своето право на глас го оствариле 1770 избирачи или 3,14 проценти. Карактеристично е што во неколку селски населби до 10 часот нема гласано ниту еден жител, а се работи за селата Светорача, Иванчишта, Попоец, Прострање и Речани Зајаско. Инаку сеуште има граѓани кои поради истечена лична карта или документ за идентификација, не можат да го остварат своето гласачко право – рече Антигона Сефери, претседателка на ОИК за општина Кичево каде на единствениот избирачки список запишани се вкупно 50 296 гласачи.

Во општина Македонски Брод се бележи голема излезност на граѓаните и до 10 часот гласале 513 граѓани или 10,11 проценти, а на единствениот избирачки список запишани 5 099 граѓани, додека во општина Пласница излегле само 79 граѓани или 1,58 проценти од 4 999, колку фигурираат на единствениот избирачки список.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This