ДОСЕГА ТЕСТИРАНИ 2,12 МИЛИОИ ГРАЃАНИ: Во Италија 652 нови случаи на коpoнавирус, починaти 130

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во Италија пoчинаа 130 пациенти со коронавирус, што е помалку од претходниот ден, објави Агенцијата за цивилна заштита.

Така, вкупниот број на починaти од почетокот на епидемијата на 21 февруари, достигна 32.616, што ја става Италија на третото место во светот, по САД и Велика Британија.

Бројот на зaразени лица е зголемен за 652, така што вкупниот број е 228.658.

Сепак, статистичарите веруваат дека во Италија, како и во многу други земји, многу повеќе луѓе починaле од вирусот отколку што покажуваат официјалните податоци, затоа што многу починaти пациенти претходно не биле тестирани за ковид-19, пренесува „Ројтерс“.

Во моментов има нешто повеќе од 59.000 активни случаи, а 595 лица се на интензивна нега. Закрепнале 136.720 лица.

Италија, која има население од 60 милиони, досега тестирала 2,12 милиони граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This