ДОСТА ВЕРГЛАШ ИСТА ЛАГА: Вработените во „„Еурокопмозит“ му порачаа на Анѓушев да престане да „вергла“ иста лага!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработени од прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ денеска маршираа од зградата на ССМ во Скопје, преку Собранието, до Владата каде што планираат да подигнат камп, во кој ќе останат се додека не им бидат исплатени заостанатите плати.

Тие му порачаа на вицепремиерот за економски прашања: Господине Анѓушев шест месеци верглате со иста лага!

Вчера Анѓушев изјави дека Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во Еурокомпозит, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат.

-Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените немаат земено плата со години наназад и никој претходно не се обидел квалитетно да го реши нивниот проблем. Како Влада имаме донесено одлука Еврокомпозит да стане добро и здраво прептријатие и ќе ги разгледаме сите можности како да стигнеме до тоа – рече потпреседателот на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This