ДОСТА ВИ БЕШЕ: Катица и истражителите на СЈО немаат пристап во УБК додека не дојде експертот од Шведска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражителите на Специјалното јавно обвинителство не се присутни во УБК поради тајноста на функционирањето на Управата, соопштија од СЈО. УБК го одбило барањето од обвинителството на Катица Јанева, како што наведуваат, дежурен истражител да ги чува податоците се додека не пристигне експертот којшто може да им овозможи пристап до податоците од 2008 до 2015 година. Од директорот на УБК Владимир Атанасовскси, СЈО добиле гаранција дека опремата и системите се обезбедени согасно прописите за класифицирани информации.

mvr_vlez

„Појаснуваме дека компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци. Воедно ги имаме предвид и гаранциите на Министерот за внатрешни работи, кој во текот на вчерашната вечер, а и за периодот што следува, се до доаѓањето на надворешниот експерт, презеде дополнителни мерки за обезбедување на кругот на Министерството за внатрешни работи, каде е лоцирана и Управата за безбедност и контраразузнавање“,се вели во соопштението на СЈО.

Пред два дена, Катица Јанева заедно со нејзините соработници се обиде да изврши упад во УБК притоа презентирајќи погрешна судска одлука. Откако и посочиле дека врз основа на таа судска одлука не може да и се исполнат барањта, Спасовски се обиде да предизвика вооружен инцидент испраќајќи тим на Алфи кои за среќа не успеале во намерата да се вооружат со автоматски пушки.

Ден подоцна, СЈО ја призна грешката и доби нов судски налог врз основа на кој УБК ги испочитува наредбите и беше повикан експерт од Шведска кој може да пристапи до податоците кои се потребни на СЈО.

Со тоа завршува и циркусот на СЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This