ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА ГО ВИДАТ ЛИЦЕТО НА МАКЕДОНЕЦОТ: Дојде време да им покажеме на сите колку е цврста кичмата на нашиот народ, да им покажеме колку е убаво лицето на Македонецот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е коалиција која ги обединува сите граѓани. Ја видоа нашата сила, нашата енергија, нашето единство. Уплашени се, не знаат кај тераат, листи не можат да состават, не па државата ќе воделе, рече на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ носителот на листата во третата ИЕ, Илија Димовски.
ilija-dimovski-640x325

-Дојде време да ставиме крај на кризата, дојде време да ја вратиме стабилноста на Македонија, дојде време да го вратиме мирот во домовите на нашите сограѓани, дојде време да им покажеме на сите колку е цврста кичмата на нашиот народ, да им покажеме колку е убаво лицето на Македонецот. Велат грди биле лицата на Македонците, грди биле лицата на оние кои што не сакале да ја свиткаат кичмата, грди биле лицата на оние кои не сакаат редефинирање на државата, промена на Уставот, на оние кои што се против двојазичност, грди биле лицата на патриотите. Има ли овде некој кој што не е грд, сите ли сме грди?, рече Димовски.

Димовски рече “сите сме грди затоа што си ја сакаме татковината, затоа што си ја сакаме Македонија, зошто не сакаме да ни ја газат, да ни го менуваат името, јазикот, да не чкртаат и фарбаат“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This