ДОЈДЕ ЖИВОТОТ ВО ПРИЛЕП: Закупот на тезги за пазарџиите поскапува за 500% и ќе изнесува 2500 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советниците на општина Прилеп со мнозинство гласови на СДСМ и коалицијата, донесоа одлука за утврдување на надомест за пазарните услуги кој ги дава јавното комунално претпријатије “Пазари Прилеп“ со која се зголемуваат енормно цените на закуп на тазги на дисперзираните пазари како Марино Маало, Точила и кај театарот.

 

 

Досегашната цена била 500 денари, но советниците од владеачкото мнозинство предводено од СДСМ носат одлука за измена на цената од фантастични 500 %. Егзистенцијата на овие луѓе во значителна мера е загрозена со оглед дека треба да плаќаат 2500 денари како месечен надомест.

Градоначалникот на СДСМ во предизборниот период ветуваше “Живот“ на жителите на Прилеп, но поскапувањето на цената на закупот на тезгите воопшто не беше спомната. Освен ова поскапување, поскапуваат и земјоделските услуги давани од камион.

Во досегашното работење немало категоризација на оваа услуга но сега исто така советот предводен од СДСМ воведува прва и втора категоризација.

Досега цената била 5000 денари по камион. Но во новите измени се предвидува цената само за втората категорија да изнесува 7000 илјади денари што е за речиси 50 % зголемување, но поскапувањето за прва категорија е исто така енормно и изнесува 10.000 илјади денари што е за 100 % зголемување на постоечката цена.

Со ваквите одлуки на СДСМ се стимулира сивата економија и избегнуње на плаќањето спрема општината но исто така загрозени се редот и хигиената во градот. СДСМ со ваквите одлуки директно удира по и онака нискиот стандард на земјоделците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This