March 29, 2024, 12:16 am

ДОЈДЕ ЖИВОТОТ: Дизелот повторно поскапува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари, а Еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава по 69 денари.

Литар еуродизел (ДЕ V) ќе чини 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01) по 51,5 денари.

Цената на мазуотот М-1 HC се намалува за 0,664 денари за килограм и ќе изнесува 31,147 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,21 процент. Одлуката на РКЕ е донесена врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарт во однос на доларот во изминатите седум дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This