Дојде животот, дојдоа и проблемите со регистрирање на возилата

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

 

Станиците за технички преглед кубурат со налепници за регистрација на возилата. Кој ќе начека налепница ќе го регистрира автомобилот, останатите ќе почекаат. Неколку станици за технички преглед, кои не сакаа јавно да зборуваат пред камера, ни потврдија дека имаат проблем со налепници.

-Има нешто дефицитарно е. Сега во моментов има, но не знам  следната недела како ќе биде – вели нашиот соговорник од еден сервис за технички преглед.

Набавката на налепници за регистрација заглавила кога единствениот понудувач побарал повисока цена од реалната, па сега се импровизира  како би се решил проблемот до новата набавка. Картончиња, стари налепници од лани, се дел од таканаречените решенија како би можеле возачите да си ги регистрираат возилата.

Дека има проблем со набавката на налепниците  потврдија и од МВР, за Алфа.

Министерството ја поништило  постапката за набавка заради нереално високи цени на единствениот понудувач за околу 40.000 евра повеќе од реалната цена, ни објаснија од министерството. Сега се чека на законски процедури за да се побара нов добавувач, кој во најкраток можен рок ќе изработи налепници. На 12. месецов, во сите станици за технички преглед доставени биле одреден број  налепници кои интервентно ќе го решат проблемот до реализирањето на новата набавка, тврдат од МВР.

Со измените на законот за возилата, од 2014. со секоја регистрацијата на возилото се става и налепницата, која треба да биде истакната на видно место. Налепницата е еден од показателите за полицијата дека возилото е регистрирано. Нерегистрираното возило повлекува казна, но уште поголем е проблемот доколку се случи сообраќајка дури и да не е по ваша вина, автомобилот ако не ви е регистриран осигурителната компанија нема да ви ја покрие штетата.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This