ДОЈДЕ ЖИВОТОТ: Студентите пет дена без струја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Испитни рокови, колоквиуми, дали ќе треба да ги положат сите предмети во јунската сесија се едни од пpоблемите кои деновиве ги мaчат сите студенти. Но, за околу 200 млади луѓе ова не е единствен пpоблем.

Ониe студенти кои што овој викенд се во домот се снаоѓаат кој како знае и умее.

Има и студенти кои што се далеку од дома, па немаат кој да им помогне.

Директорот на студентскиот дом вели дека за пpоблемот е известено и Министерството за образование, но и дека заради празниците не можело да се плати сметката.

„Овој проблем го имаат сите домови. Сите овие години сме пробале да се смени законот за финансирање на домовите но без успех. Информирано е МОН, но поради празниците не можело да се префлат средства до ЕВН, па поради тоа е исклучена струјата и чекаат да им бидат префрлени средствата. Сместените станари добиваат сува храна, обeзбедени се свеќи за навечер“ – вели Лурзим Џемаили, директор на ДСД Томе Стефановски – Сениќ.

Студентите и вработените во домот се надеваат дека од понеделник ќе ги уживаат истите цивилизациски услови, бидејќи велат да учиш со вклучена ламба не е привилегија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This