ДОЈДЕ ЖИВОТ: Дури 77 отсто од младите размислуваат да се иселат од Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дури 77 отсто од младите кои живеат во Република Македонија размислуваат да се иселат, пред сѐ во земјите членки на Европската Унија, а причините за тоа ги наоѓаат главно во лошиот квалитет на живот во нашата земја, покажува истражувањето спроведено од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), кое се заснова на анкета на млади лица на возраст од 15 до 29 години.

Директорката на ЦИКП, Марија Ристеска на денешната тркалезна маса на тема „Европска интеграција и младинска мобилност: како од одлив до прилив на кадар?“ рече дека посебен интерес им било да испитаат дали европската интеграција има поврзаност со младинската мобилност, со оглед на фактот што Европската Унија обезбедува различни програми на мобилност на млади.

– Резултатите од истражувањето покажуваат дека нема директна врска, односно дека европската интеграција нема да придонесе директно кон иселување на младите, но може да влијае позитивно на зголемување на човечкиот капитал, во смисла да обезбеди образование, вештини и знаење што младите би ги добиле во странство – рече Ристеска.

По направената анализа на политиките, како што вели таа, политиките за млади воопшто не одговараат на потребите што ги имаат.

– Првенствено имаме многу малку механизми со кои одговараме на потребата на младите да бидат вклучени во процесите на креирање политики, мала вклученост на младите во целокупното општествено живеење и нивното признавање како значаен актер во општеството, а има и многу малку расположливи средства за имплементација на политиките за млади – посочи Ристеска.

Заменик министерот за образование, Петар Атанасов посочи дека Министерството заедно со образовните институции работат на подигнување на квалитетот на образованието, пред сѐ во неговата практичност и стручност. Тој додаде дека во овој момент спроведуваат неколку големи проекти во кои овозможуваат на ниво на средно образование младите да бидат што постручни и покомпетентни за да можат сами да се развиваат и да си ги исполнуваат своите професионални карирери.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This