ДОЈДЕ ЖИВОТ ЗА АЛЕКСАНДАР НАУМОВСКИ: За една година со градоначалничка плата, Александар Наумовски се поднови со нов џип „БМВ Х5“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само една година на функција градоначалник, Александар Наумовски кој дошол од Канада за да ја спасува Македонија, си се подновил со нов лускузен џип „БМВ Х5“ вреден неколку десетици илјади евра


За подновата информираа Ѓорчепетровци на социјалните мрежи, кои му го честитаа новиот автомбил на градоначалникот, прашувајќи се како успеал за само една година со градоначалничка плата да купи автомобил вреден 20-тина илјади евра на старо.

Честитки за градоначалникот на Ѓорче Патров кој за само една година управување со општината успеа да си го поднови авто паркот. Од peugeot 1007 до BMW X5 за само една година.
Му го посветуваме овој #OneYearChallenge на него и се надеваме дека во иднина ќе може повеќе ваквии убави постови да имаме за него.
Дојде живот, за Александар Наумовски.
Ѓорчевци поминете кога можете до општина, за вас има пенкалце со потпис од градоначалникот. – пишуваат на ФБ жителите на Ѓорче Петров.

Пред неколку дена пак, градоначалникот Наумовски мудруваше на социјалните мрежи повикувајќи ги граѓаните да користат јавен превоз за да стигнат до нивните „работни места, кафани и ресторани“. Веќе денес, Наумовски се вози во џип кој троши 15-тина литри нафта, и загадува колку два автобуси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This