ДОЈДЕ ЖИВОТ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ ОД БЕРОВО: Со службените возила си ги возат за лични потреби, не ги враќаат ни за викенд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дојде животот и во Берово, но само за функционерите од СДСМ. Покрај тоа што веке ни е познато дека државните фирми ги направија фамилијарни, сега нивнтото самоволие е до тој степен што службените возила ги користат за сопствени приватни работи надвор од службените обрски и овластувања, ни пишуваат граѓаните на Берово.


Според инфомациите до кои дојде Инфомакс таков е примерот со директорот на АД Водостопанство подружница Берово, кој слубениот џип Дачија Дастер секојдневно го користи и наместо пред канцелариите на фирмата тоа може да се забележи пред неговиот дом по завршувањето на работно време.


Од инфомациите кои ги добивме истото важи и за директорот на беровскиот катастер кој не ја штеди па службента кола Пежо ја користи после работно време дури и за викенд, а понекогаш ја дава на користење и на блиски членови на фамилијата. Неговото самоволие оди до тој степен што за викенд со служубеното возило ја посетувал и  својата викендица која се наоѓа во викенд населбата Абланица/

Имено, беровчани забележуваат дека и во Берово како и низ цела Македонија поранишните раководни лица од ВМРО ДПМНЕ се мета на диcциплинckи и kpивични приjaви за користење на службени возила. Таков е примерот со поранешниот градоначалник на општина Берово, Драги Наџински, кој за користење на службено возило во работно време за потребите на општината, само затоа што не пополнил патен налог беше ocyден на три месеци ycловнa kaзна.

Останува отворено прашањето дали на директорите од СДСМ им е дозволено и од кого да ја злoyпотребуваат својата службена положба  и за кави цели ги користат службените возила или пак за сето тоа уредно пополнуваат патни налози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This