На само десеттина метри од Собранието, две лица ноќеваат на отворено небо во пролазот кај Градскиот ѕид према Зеленото Пазарче. Колку е тажна толку е и реална сликата.
Вечерва спроти собрание на Македонија.
Жална и невистинита слика за #Живот .
Додека они од карши се пазарат за големи суми да ја разнебитат државата народот вака живее.
Денес се почувствував најбедно и најмизерно што живеам во ваква држава.
Јас им помогнав финансиски да си купат за јадење и некој топол напиток но тоа е едно кратно. Сакам да прашам дали за вакви Европски вредности се борите ???