April 26, 2024, 10:03 pm

ДОЈРАН ЌЕ ЈА ПРОДАВА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ: Преку Јавно-приватно партнерство, Дојран ќе ги остави дојранчани без слободен пристап до вода за пиење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дека ќе им се продаде правото на слободен пристап до вода за пиење стравуваат дојранчани, откако Советот на општина Дојран донесе одлука за склучување на договор за јавно приватно партнерство врз општинскиот водовод и комуналец


Дојранчани се подготвуваат за спроведување на општински референдум со цел спречување на планот на актуелната владејачка администрација во општина Дојран, која на последниот состанок на Советот на општината донесе одлука за склучување на Јавно-приватно партнерство за адмнистрирање на водоводот и канализацијата во градот.

Жителите на Дојран стравуваат дека на овој начин ќе им се ускрати правото на слободен пристап до вода за пиење, а дополнително сметаат дека општината ќе дозволи стопанственикот со изворите да може да ги користи и во комерцијални цели, односно да амбалажира вода за пиење.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак обвинуваат дека општината има намера да ги укине забраните за амбалажирање на вода за пиење, со што ќе се отвори и можноста за бизнис со водата за пиење на дојранчани, но дополнително цените на водата за пиење ќе бидат значително повисоки.

Откако на грбот на граѓаните власта обезбеди грдни пари за да ги извади општините од долгови и откако истите тие пари градоначалниците наместо за развој на оштините, ги искористија за ручеци, вечери и службени патувања и ги дозаглавија јавните претпријатија, сега најважниот ресурс во општеството и светот – водата, се дрзнаа да го даваат на приватно лице!

Така, градоначалникот на Дојран, својата неспособност да направи систем на функционирање и да обезбеди квалитетно водоснабдување и одведување на отпадните води, сака да ја прикрие со приватна компанија чија крајна цел е профитот, наместо интересот на жителите на Дојран. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително од опозицијата предупредуваат дека граѓаните треба во значителен број да излезат на претстојниот референдум, со цел спречување на овој, како што велат „криминален план“ на власта.

Од општина Дојран пак велат дека околу договорот за Јавно-приватно партнерство се уште нема детали, и се уште се работи на изработување на тендерската документација.

„Досега нема склучено договор ниту план за тоа како ќе изгледа договорот. Се уште се разгледуваат физибилити студиите, и се подготвува тендерската документација. Засега има само изгласана одлука на Советот на општината за спроведување на ваква активност. Се што има во врска со ова е објавено во јавните гласила и на сајтот на општина Дојран. Се е транспарентно.“ – вели за „Инфомакс“ Дарко Качаков, раководител на секторот за правни работи во општина Дојран.

Референдумот ќе се одржи на 2. фебруари годинава.

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This