ДО ВЧЕРА СЕ ФРЛАШЕ МРША И ОТПАД ДЕНЕС, СТОЧЕН ПАЗАР: Во Тетово никна сточен пазар на местото на дивата депонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На просторот на кој до вчера се наоѓаше дивата депонија во Тетово, преку ноќ изникна сточен пазар. Местото од каде до вчера тетовчани се жалеа за неподносливата миризба на изумрени животни, тежок чад од диво исфрлен и спален отпад, денес во пресрет на утрешниот празник Курбан бајрам, сточарите од околните тетовски села овде го донесоа добитокот кој им се продава на верниците од исламска вероисповест за одбележување на овој втор по значење врски празник кај муслиманите.

Тетово нема сточен пазар, па изминативе неколку години во пресрет на Курбан бајрам, просторот околу стариот градски стадион служеше за оваа намена. Тоа пак предизвикуваше големи реакции на околното население, бидејќи се создаваше голема нечистотија, а смрдеата од изметот на добитокот и фрлените изнутрици од закланите животни се чуствуваше со недели.

Оваа привремена локација на која се продава добитокот за Курбан бајрам на местото на кое се наоѓаше дивата депонија е одобрена од Општина Тетово.

Онаа локација кај стариот стадион беше подобра за нас, беше поблиску до градот и имаше повеќе муштерии, се жалат сточарите кои го изложиле својот добиток на пазарот во пресрет на големиот муслимански празник.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This