April 24, 2024, 11:20 pm

ДО ВЧЕРА УРИНИРАА ПО НЕГОВИОТ ЛИК И ДЕЛО: Оние кои со прст не мрднаа, денес се прогласија за почитувачи на ликот и делото на Киро Глигоров!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера се одбележаа 5 години од смртта на првиот претседател на самостојна независна Република Македонија, Киро Глигоров. Ликот и делото на Глигоров за Македонија е големо, тој имал активна улога во политичкиот дел на осамостојувањето на државата како и нејзиното меѓународно признавање.

gligorov-sdsm

На државната функција претседател на Македонија, Глигоров доаѓа на 27 јануари 1991 година, а во 1994 година кога се одржуваат првите претседателски избори е повторно избран како кандидат на СДСМ.

За време на неговиот втор претседателски мандат, врз Глигоров е извршен неуспешен обид за атентат. Обидот за атентат се случува на 3 октомври 1995 година, истиот изведен врз автомобилот со кој се превозувал Глигоров. Во несреќата загина неговиот возач, додека пак Глигоров се здоби со повреди на главата. Со повреди се здоби и неговиот телохранител. Покрај возачот, во атентатот загина и случаен минувач , кој најпрвин се здоби а потоа им подлегна на тешките повреди.

atentat-gligorov

За потсетување, Владата на Република Македонија во тој период ја водеше лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски. На неколку месеци од обидот за атентат беше започната истрага за нарачателите и извршителите, но како што и е познато на јавноста и ден денес не се откриени истите.
crvenkovski-frckovski-640x320

СДСМ ги имаше под контрола најзначајните државни функции, премиер, претседател, министер за внатрешни работи и за жал не успеаја да дадат одговор за тоа кој успеа да спроведе атентат врз првиот македонски претседател.

Крајот на мандатот на Глигоров и СДСМ

По завршувањето на неговиот претседателски мандат, Глигоров се повлече од политиката, но остана активен публицист, а во неговите дела се вбројуваат „Македонија е сè што имаме“ (2001) „Атентат – ден потоа“ (2002) „Виорни времиња : Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006).

СДСМ, чиј член беше Глигоров, по завршувањето на неговиот мандат целосно го маргинализира. За жал не ја користела ниту неговата советодавна улога. Во периодот што следеше, никој од партијата не иницираше да се расчисти случајот со обидот за атентат врз него. За СДСМ, Глигоров речиси и да не постоеше.

Лицемерието на социјалдемократите

Улогата на Кило Глигоров за Македонија е неспорна, а неспорно е и лицемерието на СДСМ.

Како дел од проектот Скопје 2014 беа подигнување на споменици на лица кои зеле активно учество во издигнување на македонската култура, наука, историја, лица кои се бореле за осамостојувањето на Македонија.Меѓу лицата кои беа овековечени преку проектот оддавајќи им почит за нивното дело и лик е и Киро Глигоров.

За време на „Шарената револуција“ голем дел од спомениците низ Скопје беа уништени. Беа боени, врз нив беа пишувани погрдни зборови, и беше артикулирано непочитување врз лицата на кои македонските граѓани треба да бидат благодарни за тоа што денеска имаат држава и историја.

Еден од тие споменици беше и споменикот на АСНОМ, каде што е претставен и Киро Глигоров.

spomenik-gligorov

asnom-640x346

СДСМ, тогаш не го осуди вандалското однесување на „шарените“, напротив ги поддржуваше и ги мотивираше да бидат понасилни, а нивни членови исто така зедоа учество во боењето. СДСМ со таквиот акт, буквално плукна врз нивниот член, врз ликот и делото на првиот македонски претседател Киро Глигоров.
asnom-spomenik-640x360-640x360
cistenje-asnomm-420x240

Но што да се очекува од СДСМ? СДСМ кој буквално не го „есапеше“ Глигоров додека беше жив, зарем да го почитува неговиот лик и дело по неговата смрт?

Вистината е дека од СДСМ може да се очекува се и сешто. Најмногу од се-лицемерие!

Вчера до медиумите беше испратено соопштение со фотографии, од тоа како членови на СДСМ оддаваат почит и полагаат цвеќе во чест на Глигоров. Едно соопштение и цвеќе не може да го анулира лицемерито кое СДСМ го покажа кон нејзин член, воедно и прв претседател на самостојна и суверена Македонија.

sdsm-delegacija-640x357

Новинари од опозицијата „паѓаат во несвест“ по неговиот лик и дело, пишувајќи долги текстови за тоа како бил заборавен Киро Глигоров. Хипокризија. Каде беа истите новинари да пишуваат за неговиот лик и дело додека беше жив? Не ни знаеја дека постои. Како на пример Катерина Блажевска, нкоја низ годините беше и остана близок пријател на раководните структури на СДСМ, е автор на текстот “Мемориски пластелин: Зошто заборав за Киро Глигоров?“
gligorov-640x539

Да, одлично прашање. Зошто го заборавивте? Зошто лицемерно сега се присеќавате на него? Зошто сега ја присвојувате неговата улога и дело?

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This