April 25, 2024, 11:34 am

ДО КАЈ СЕ ЖЕЛЕЗНИТЕ ОПИНЦИ: 500 евра просечна плата се уште нема

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту ветувањата, ниту железните опинци не му помогнаа на премиерот Зоран Заев да го оствари зборот даден кон граѓаните за 500 евра просечна плата во Македонија.

Чести милионски задолжувања, најави за раст на јавниот долг, најниска просечна плата во регионот станаа реалност, наместо „подобар живот за граѓаните“ кој Заев ветуваше дека ќе го донесе.

Според податоците од Државниот завод за статистика на Македонија, објавени минатиот месец, македонската просечна нето плата во мај изнесува 25.270 денари односно 410 евра.

Во јануари годинава премиерот Заев на трибина беше дециден дека ако е потребно и железни опинци ќе облече, ама просечна плата од 500 евра во Македонија, ќе има. Очигледно има само лажно ветување.

-Дојдовме до просечна плата од 400 евра. Железни опинци ќе облечам, 500 евра плата просечна во Македонија ќе има, истакна Заев.

Просечната месечна нето плата во Словенија изнесува 1.108 евра и тоа е единствена плата во земјите во регионот која го надминува „магичниот износ“ од 1.000 евра.

Во Хрватска просечната плата изнесува 886 евра, потоа следат Црногорците со 516 евра месечно, и Босна и Херцеговина со 472 евра месечно, а Србија има просечен приход од 471 евра. И Косово, која во 2008 година ја усвои декларацијата за независност, исплаќа повисока просечна плата од Македонија – 442 евра. Просечната плата во Албанија е 378 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This