До кога ќе молчиме: Сите навреди од бугарските политичари за Македонија и македонскиот народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со потпишувањето на Договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија, логично беше да се нормализираат и унапредат заладените односи меѓу двете земји, како во однос на политиката, така и во другите сфери. Договорот го потпишавме, но односите не се променија. Напротив, Македонија, не само што не доби пријателство, не само што не ја доби ветената поддршка во процесот на евроинтеграцијата, туку доби и вето, но и отворени провокации и непријателки изјави од високи функционери на Бугарија, кои не пропуштаат можност да го навредат, па дури и да му се заканат на македонскиот народ.

Красимир Каракачанов, министерот за одбрана на Бугарија и вицепремиер во Владата, ги нарекува Македонците ненормални. Според него врвните интелектуалци од македонска страна, кои не ги прифаќаат бугарските политички уцени и закани и инсистираат на фактографија, се однесувале како „Магаре на мост” и тврделе дека имаат свој поглед на историјата.

„Секој нормален човек што прочитал повеќе од пет страни историја, знае дека не постои македонски идентитет, одделен од бугарскиот пред 1944 година“, вели Каракачанов во една своја изјава.

Притоа Каракачанов кој и самиот е историчар вели дека историчарите можат да тврдат дека се марсовци и дека Самоил паднал од Марс но тоа немало да биде точно. Оваа навредлива изјава со која покажува дека главниот проблем за Бугарија сега е принципиелноста на членовите на македонската комисија.

Каракачанов, кој сакал или не, потекнува од земја која за време на Втората светска војна се бореше на страната на фачистичките сили, обвини дека токму во Македонија се носеле нацистички закони какви што немало во Германија во 1945 година.

„Знаете ли дека во Македонија во 1945 се носи закон, можеби и во нацистичка Германија немало таков, за заштита на националното име и чест, според кој секој што ќе каже дека е Бугарин, не Албанец, ако кажеш дека си Албанец немаш проблем, ако кажеш дека си Турчин немаш проблем, ако кажеш дека Србин ќе ти ракоплескаат, но ако кажеш дека си Бугарин, според законот, можеш да добиеш до пет години затвор. И сега тие луѓе ми кажуваат дека самите од себеси добиле некаков идентитет, и тоа го кажува политичката елита, тоа не може да се случи – изјави Каракачанов.

Во една друга прилика Каракачанов македонската политичка елита ја нарече продукт на „сталинистичкиот антибугаризам”, додавајќи дека македонскиот идентитет во 1944 година бил создаден со насилства, убиства и репресии кон Бугарите.

Не може да не им се извиниш на оние луѓе што си ги убивал и тормозел десетици години, само затоа што биле Бугари и да кажеш: ‘ама ние имаме идентитет со векови’ – вели Каракачанов.

Каракачанов ја премина границата на секакво цивилизирано однесување кога упати и директна закана дека ќе испрати инжењерски полк за да ги сруши македонските споменици со народните херои кои ја одбележале нашата историја.

„Ако треба ќе им го пратам инженерскиот полк да им помогне да ги тргнат побрзо или ќе им пратам од мојата организација ВМРО, ќе ги тргнат за 24 часа. Не можеме да дозволиме една држава да гради идентитет на база на учебници во кои се вели дека Бугарите биле убијци, фашисти, Татари, окупатори… Држава која со политиката создава национално малцинство во Бугарија и ја загрозува територијалната целост на Бугарија“, изјави Каракачанов.

Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, пак обвини дека Македонија лаже дека Бугарија и го негира идентитетот и јазикот, и го слави „мрачниот“ диктатор Тито споредувајќи го со Хитлер.

„Како во Берлин да се слави денот на смртта на Хитлер“, изјави таа за еден германски медиум.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој со години води антимакедонска политика, а нарече Македонија нецивилизирана земја која не заслужува место во Европската Унија, но исто така и во цивилизираниот свет

„Колку повеќе очигледни примери се потребни, за да биде јасно дека ваква Македонија нема место во ЕУ, но исто така и во цивилизираниот свет“, напиша Џамбаски на својата страница на Фејсбук.

По Џамбаски, и археологот Николај Овчаров смета дека со „Северните Македонци“, како што ги нарекува, треба „со кротко, со добро и со малку ќотек“.

„Немам ништо против нашите членови на историската комисија. Тие се многу добри професионалци, добри научници, но се гледа дека се доста меки. Со Северните Македонци треба потврдо. Ќе потсетам на моите омилени зборови од Македонецот Андреј Љапчев за тоа како треба да се постапува: ‘Со кротко, со добро и со малку ќотек’, ако е потребно“, изјави тој за бугарски „Фокус“.

Воин Божинов, бугарски историчар и член на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките, во своето интервју за бугарскиот медиум БНР посочи дека во Македонија има антибугарска хистерија со што македонизмот не е само идеологија, туку и ментално отстапување.

Според бугарскиот историчар, самодовербата на Македонија доаѓа од политичка класа која била создадена во Југославија, како и од фактот дека некои европски држави стојат зад македонската држава.

Ова, веројатно, е само дел од навредите кои официјалните претставници на бугарската власт ги упатиле кон Мaкедонија и Македонците. Сепак, ниту една од овие навреди и закани не предизвика реакција од нашата Влада, ниту официјална, ниту неофицијална. За испраќање протестна нота или директно спротивствавување, нема ни место да се зборува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This