March 28, 2024, 11:59 am

До крајот на годината К-15 треба да добијат вработените во приватниот сектор – еве по колку пари ќе легнат на сметките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци)

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна.

Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година.

Кој не треба да чека К-15 оваа година?

Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.

По се изгледа дека К-15 оваа година нема да има за вработените во јавниот сектор бидејќи и покрај напорите на гранскиот синдикат во рамките на ССМ веќе неколку години наназад да се издејствува нов закон за работни односи во кој оваа бенефиција ќе биде задолжителна и за вработените во јавниот сектор – тоа се уште не се случи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This