ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ПРОВЕТРИ ВЛАДАТА: Заев најави дека рокадите ќе следат до крајот на неделава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој ќе ја напушти министерската фотелја, најверојатно ќе се знае утре или најдоцна до крајот на неделава, објави Вечер повикувајќи се на извори од „Илинденска“, без да се прецизира кои ресори ќе бидат зафатени со пролетна чистка. Прашан од кои ресори не е задоволен, премиерот Зоран Заев кажа дека за одредените промени што ќе се случат во извршната власт ќе информира детално кога ќе дојде време за тоа.

Ниту една политичка партија не ја блокира реконструкцијата на Владата, вели премиерот Заев. Премиерот потврди дека имал средба со двете крила на БЕСА и ДПА предводена од Мендух Тачи.

„Сите се со очекување на предлозите кои произлегуваат од мене, како премиер. Согласно тоа, потоа ќе се изјаснат и политичките партии. Ако успееме да ги номинираме самите предлози за преземање на одговорноста во одредени ресори, јавни институции и слично, на политичките партии ќе им требаат неколку денови да донесат одлуки на свои органи и тела. Се надевам дека ако не со сите партии, со дел од партиите ќе успееме. Немаме опструкции од никој”, рече Заев.

Тој вели дека генерално позитивни се ставовите на коалиционите партнери во Владата, а целта е зголемување на парламентарното мнозинство.

Освен меѓупартиските преговори за проширување на владината коалиција, реконструкцијата на извршната власт ќе зависи и од досегашните резултати на министерствата и другите институции, тврди премиерот Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This