ДО РАБОТ И НАЗАД: Секојдневно се зголемува опасноста од отворен судир помеѓу Западот и Русија, предвидува најновиот Минхенски извештај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според Минхенскиот годишен извештај, секој момент растат тензиите на релација Запад – Русија, а со тоа и можноста од избивање на директен воен судир помеѓу двете страни.

Нагризувањето на договорот за контрола на вооружувањето, распоредувањето на дополнително оружје и тензиите поради воените вежби, сето ова ја зголемило опасноста од воен судир помеѓу Европа и Русија, стои во годишниот минхенски безбедносен извештај.

Извештајот насловен како „До работ и назад” го нагласува се поголемиот притисок на договорите за нуклеарното вооружување како што е Договорот за нуклеарните сили со среден домет и загриженоста за безбедноста во источна и централна Европа.

НАТО Алијансата стои на ставот дека не сака нова трка во вооружување со Русија, но моменталната ситуација би можела да доведе до понатамошно влошување на безбедносната ситуација во Европа”, стои во извештајот кој што формално и целосно ќе биде објавен денес пред Минхенската безбедносна конференција идната седмица.

„Во една ваква опасна состојба, погрешна проценка или некакво недоразбирање може лесно да доведе до ненамерен воен судир”, стои во извештајот.

Околу 500 високи владини и воени функционери од Европа, Африка, Соединетите Американски Држави, Русија и Заливските земји ќе дебатираат за безбедносните предизвици на годишниот собир во Минхен од 16-ти до 18-ти февруари.

Конфликтот во Украина исто така претставува голема пречка во попуштањето на тензиите помеѓу Русија и Западот, стои во извештајот, напоменувајќи дека одлуката на САД да ја снабди Украина со оружје веројатно ќе ја зацементира досегашната пат позиција.

Сепак, според извештајот, вестите не се само лоши. Економскиот раст и подобреното јавно мислење даваат „повеќе од зрно надеж” за Европската унија на економскиот фронт. Покрај тоа, воената соработка на источниот блок од НАТО членките напредува, а Алијансата сега ја реформира својата воена командна структура”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This