ДО СЕГА ШТО БЕВМЕ, КОЈ ЈАЗИК ГО ЗБОРУВАВМЕ: Ако спогодбата на Коѕијас гарантира „право на Македонци кои зборуваат македонски јазик“ што бевме досега?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грција за првпат во историјата е формирана 1831 година со договор меѓу Англија, Франција и Русија. Оттогаш, Грција е држава на окупации врз туѓи територии и држава на геноцид врз други народи. Од Атина за 90 години стигна до Гевгелија…

Грција за првпат во својата историја изврши окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ во Балканските војни 1912-1913 година!

Грција воопшто не признава Македонци во Грција. За Атина, Грците се Македонци. За Грција не постојат Македонци ниту во државата Македонија, ниту надвор од неа…

На 15 јануари 1992 година, Арбитражната комисија на Европската унија, предводена од претседателот на Уставниот суд на Франција, Робер Бадентер, заклучи дека Република Македонија ги задоволува сите услови за меѓународно признавање и дека името на државата не значи територијални претензии кон соседните држави. И покрај тоа, поради барањето на Грција, Европскиот совет на Европската заедница на 27 јуни 1992 година во Лисабон донесе Декларација за поранешна Југославија, во која прокламира признавање на државноста, но “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија“.

На 3 јули 1992 година Собранието на Македонија со Декларација ја отфрли Лисабонската декларација на Европскиот совет на Европската заедница.

Поради грчкото вето проследено со барање за промена на името на државата, иако ги исполнуваше сите услови, Македонија на 2 април 2008 година не стана членка на НАТО, на Самитот во Букурешт.

Конечно, марионетката Никола Димитров на 17 јуни 2018 година склучи Спогодба со неговиот грчки колега Никос Коѕиас за промена на името и идентитетот, што претставува велепредавство на нацијата и државата!

После се’, во кампањата за неуставниот и незаконски референдум распишан за 30 септември, Никола Димитров ни вели: “Македонско-грчкиот Договор ни гo гарантира правото да се определуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Нема повеќе оспорувања.“

Значи, ако не беа Грците и Спогодбата на Никола Димитров со Никос Коѕиа, немаше да бидеме Македонци кои зборуваат Македонски јазик?! Па, што бевме до 17 јуни 2018 година? Кој јазик го зборувавме до 17 јуни 2018 година? Та отсега станавме Македонци? Та отсега почнавме да зборуваме Македонски јазик?

Македонија е призната под нејзиното државно име од 133 држави во светот, Македонскиот јазик е веќе апсолвирана категорија во Обединетите Нации, прифатено на Третата конференција на Обединетите Нации за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година… И, сега Никола Димитров не’ убедува дека Македонскиот јазик ни е гарантиран со Македонско-грчкиот Договор? Дали дечкиве се нормални што зборуваат, за да поверуваме дека мора да гласаме за велепредавството на Владата за промена на името на државата и иднетитетот на нацијата на референдумот распишан за 30 септември 2018 година?

Се слушаат ли нормалниве што зборуваат или мислат дека сите нафта пијат и на гранка растат?!

Па ако Спогодбата Димитров-Коѕиа гарантира “право на Македонци кои зборуваат Македонски јазик“, зошто промена на името на државата?

Зошто промена на преамбулата, членовите 3 и 49 од Уставот на Македонија?

Зошто Владата се откажа од Македонците во Егејскиот дел на Македонија и во светот?

Зошто промена на името на сите државни институции, установи и правни лица?

Зошто промена на пасошите, личните карти, возачките дозволи, сите сертификати и уверенија што ги издава државата?

Зошто бришење на македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце од сите јавни површини?

Зошто промена на имињата на сите фирми што ги содржат именката Македонија и придавката Македонски?

Зошто Македонија мора да го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и “доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Грција“, мора да преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство?

Зошто дислокација на сите споменици од пред нашата ера од Македонија или нивно обележување со таблички дека се грчко културно наследство во Македонија?

Зошто означување дека Македонскиот јазик како словенски јазик, кога за Атина само Грчкиот јазик е Македонски јазик?

Зошто означување за државјанството со “Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia“? И, дали “Macedonian“ значи етнички “Македонец“ или државјанство “Македонско“?

Зошто Комитет за ревизија на македонската историја?

Зошто право на Атина да ги корегира сите учебници и помошен наставен материјал во Македонија ако содржеле според Атина “иредентистички/ревизионистички упатувања“, кога за Атина се што означува Егејски дел на Македонија е иредентизам и ревизија?

Зошто промена на сите учебници, наставни програми и географски карти?

Зошто придавката Македонски со Спогодбата мора да се замени со композитното “на Република Северна Македонија“ или “на Северна Македонија“?

Зошто, по влегувањето во сила на Спогодбата, термините “Македонија“, “Република Македонија“, “ПЈР Македонија“, “ПЈР. Македонија“, во преведена или непреведена форма, како и привремената референца “поранешна југословенска Република Македонија“ и кратенката “пјРМ“ ќе престанат да се употребуваат за обраќање кон државата во каков било официјален контекст, а Грција ја задржува употребата на терминот Македонија?

Зошто кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна треба да биде НМ или НМК?

Зошто за Грција терминот Македонија ја означува не само областа и народот во нејзиниот северен регион, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден, ако се знае дека Атина за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година?

Може и да веруваме дека Никола Димитров е платен да ја исполни доверената задача од менторите во Брисел и Вашингтон, ама Никола, немој да мислиш дека народот не знае да чита што сте потпишале со Коѕиа во Спогодбата! Идризово не ви бега! Продолжете да лажете и понатаму… прочитани сте и ништо не ви проаѓа!

Македонија вечна од исконот до бескрајот!

На 30 септември општ и безусловен БОЈКОТ и МАСОВНА НЕИЗЛЕЗЕНОСТ на неуставно и незаконски распишаниот референдум за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

На 30 септември во 20.00 часот, се гледаме на голема прослава на плоштадот Македонија во Скопје, на плоштадите во сите градови и села на Македонија, да ја прославиме оставката на Владата и распуштањето на Собранието, да ја прославиме голема одбрана на името на државата МАКЕДОНИЈА!

Тодор Петров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This