До 10-ти август одлука дали од семптеври ќе се оди на училиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До 10-ти август ќе се знае како ќе се одвива училишната настава во наредната учебна година. Ќе седнат ли децата во клупите и со колкава дистанца меѓу нив, колку ќе бидат скратени часовите, ќе бидат ли воведени дополнителни смени и крајно, каде ќе има настава со далечинско учење, а каде со физичко присуство Наставниот кадар и родителите подолго време ги поставуваат прашањата, а од Министерството за образование ветуваат одговори во наредните две недели, објави Сител.

„До 10-ти август ќе ги имаат сите тие информации. Нема потреба за паника. Има модели, треба да се усогласат и не е ништо задоцнето. Има снимање на состојбата, бројноста на учениците во паралелките, бараме просторни можности за оние училишта кои немаат капацитети, значи сите тие аспекти се разгледуваат”, вели Елизабета Наумовска, заменик министерка за образование и наука.

Од Министертвото најавуваат дека наставата со физичко присуство е приоритет при носењето на планот.

„Она што и наставниците и директорите и родителите го бараат од нас е дека ништо не може да ја замени наставата со физичко присуство. И се додека постои и најмала алтернатива и можност за безбедно реализирање на наставата со физичко присуство, ние ќе правиме обиди да ја реализираме на таков начин”, вели Наумовска.

Од МОН велат дека најверојатно во функција ќе бидат повеќе модели на настава, во зависност од епидемиолошката слика во земјава. Со ова се согласува и опозицијата, иако смета дека барањето соодветен модел за настава од септември е задоцнето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This