До 10 часот во Делчево гласале 11,6 проценти од гласачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Своето право на глас до 10 часот, на 36 избирачки места во Делчево го оствариле 11,6 проценти од регистрираните гласачи во избирачкиот список.

– Гласањето почна навреме и се одвива без проблеми. На територијата на Општина Делчево на 36 избирачки места, заклучно со 10 часот, гласале 1711 гласач од 14.673, истакна заменик претседателот на ОИК – Делчево, Анка Христова.

На вчерашното гласање додава Христова, од 236 пријавени болни и изнемоштени лица гласале 219 лица, додека 17 не биле пронајдени во сопствените домови.

Во Македонска Каменица до 10 часот во рамки на денешниот изборен ден од 6619 евидентирани гласачи своето право на глас го оствариле 9,5 проценти од гласачите.

– Гласањето започна навреме во сите избирачки места. Досега немаме никакви проблеми, а до 10 часот, 629 гласачи или 9,5 проценти го оствариле своето право на глас, соопшти Сања Митревска, претседателка на Општинската изборна комисија од Македонска Каменица.

Во Македонска Каменица додава, вчера гласале вкупно 33 болни и немоќни лица, од вкупно 36 пријавени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This